Демократија - Соборност

Напишано од Управа on . Posted in Политички туѓизми

Демократија/Соборност

Зборот-изразот демократија има широк и пресложен распон на значења без еден основен темел и поредок со што ја замаглува сликата за целта на „демократијата“. Односно за целта на општеството кое се стреми за „демократија“ и „демократичност“.
Во денешно време се употребува како израз за праведно и правно поставено општествено уредување кое е стремеж на општествено-политичкиот систем.

Наједноставно се толкува како владеење на народот - „демосот“. Самиот збор демос, демократија во македонскиот говор немаат добра поврзаност со другите зборови и не повикуваат на добро значење. Напротив, најблизок им е зборот „демон“, посебно негативен збор. Поради ненасоченоста на зборот „демократија“ во својата звучност кон смислата на праведно општество, на свеста и е потребен дополнителен превод за значењата и смислите кои му се поимно дадени. Од таму доаѓа до многу толкувања кои меѓусебно прилично се разликуваат. Многуте толкувања создаваат метежност во општествената свест. При користење на зборот „демократија“ свеста нема јасна и непосредна претстава за што се стреми.  Тоа најдобро се согледува „апофатички“ што е „недемократија“. Кога е падната „демократијата“, поединецот и јавноста не добиваат од зборот јасна претстава што всушност е нарушено. Што е она кое треба да се воспостави за да се подигне нивото на „демократијата“. Тоа е така затоа што зборот демократија нема еден единствен темел.
 
Што е изворот на демократско општество!? Има многу значења, но нема поредок на значењата. Нема едно темелно значење, од кое другите извираат. Така користејќи го зборот „демократија“ општеството не може да примети кога започнува да се нарушува правното општество. Не знае против што да се буни и за што да се залага.
Вистинскиот збор кој треба да се употребува на местото од зборот „демократија“ е зборот „СОБОРНОСТ“. Иако навидум не се блиски и ако навидум „соборноста“ не опфаќа се она на кое упатува изразот демократија, поимот „соборност“ насочува кон основата и изворот на правилното општествено уредување. Соборноста во одлучувањето е темелот на владеење на народот.  Така кога поединецот или народот бараат соборност - се стремат за соборност, се залагаат за народно управување. Управување каде донесените одлуки не се донесени од поединец или група кој/кои самостојно ги донесуваат, при тоа не се советувајќи се со заедницата/јавноста/соборот, а носат одлуки кои влијаат на животот на заедницата/јавноста/соборот.
 
Лицата на управните места се само извршители на управните задачи кои сите заеднички (соборно) сме ги договориле и ним сме им ги довериле. Кога се употребува зборот соборност, поединецот/јавноста знае зошто негодува. Негодува поради нарушување на соборноста. Има јасна причина за незадоволството: зошто не се одлучува соборно? Зошто некој го превзел правото да одлучува самостојно за заеднички прашања, односно прашања кои не му се дадени за самостојно одлучување?

МАКЕДОНСКИ ПРАВОГ©ВОРНИК

  Внесување нов збор...   Чистење на пребарувањата  Подредување

COM_FABRIK_ORDERУпотребуван израз
COM_FABRIK_ORDERПравоговорно COM_FABRIK_ORDERПравописно Толкување
кљакојна [наречје] Помија која содржи повеќе вода отколку хранливи состојки.
колаџојна [наречје] На веселба чинот кога тапанџијата се врти во круг околу ороводецот наведувајќи го тој да се качи на тапан.
опсиговање [наречје] Порамнување на сметка. Одбивање на дел од долгот.
барџосаност [наречје] Извалканост, посебно извалканост на лице од јадење.
ошикли [наречје] Се исправи, ги отвори очите, заздрави.
тјунер штимер
подесувач
[eng. tuner] подесувач; радиоприемник
Toggle hidden 1
Toggle hidden 2
Toggle hidden 3
Toggle hidden 4
Toggle hidden 5