Начин на работа

Напишано од БИРРО on . Posted in Упатства

Упатство за користење на БИРРО програмите и интернет страницата.

Начин на пребарување во БИРРО Интернет речникот

  • 1. Внеси го бараниот израз;
  • 2. избери јазик за превод;
  • 3. притисни Превод (или Ентер).

Тастатурна поддршка

  • При пребарување, македонските, бугарските, руските и српските зборови се внесуваат со кирилична поддршка.

  • Зборовите од другите јазици се впишуваат користејќи латинична и друга соодветна поддршка.

  • Во речниците Толковник, Правоговорник и Правопис, зборовите се впишуваат со кирилична поддршка.

Упатство за пребарување во Македонско - Правописен речник.

  • Корисникот ги внесува можностите за правопис на  зборот. Ги внесува  начините за пишување кои ги претпоставува, односно кои смета дека се правописно можни. Пример: пишува и пребарува „свати“, потоа проверува и „сфати“. Доколку добие исход, во случајот при второто пребарување добива „сфати... сфатат“, добива потврда за исправниот правописен начин на кој се пишува и изговара зборот.
    Забелешка: При пребарувањата корисникот може да не го воведе бараниот збор целосно, туку само првите букви. Тогаш како исход на пребарувањето добива повеќе слични зборови. Така во примерот доволно е да запиша „сфа“ и ќе добие 5 и повеќе зборови кои започнуваат со тие букви.
  • Доколку не добие исход, при проверките за правописот, за жал, бараниот збор сеуште не е заведен во речникот.
zoofirma.ru